Финално рангирање на УЕФА за крај на 2023 година, Македонија е 50-та во Европа од 55 земји!

УЕФА го објави последното рангирање за оваа календарска 2023 година, а на листата Македонија се наоѓа дури на 50-тото место во конкуренција на 55 земји во Европа.

Во ова рангирање се земаат предвид резултатите на клубовите во европските купови во период од последните пет години.

Послаби од македонските клубови се само претставниците на Андора, Велс, Црна Гора, Гибралтар и Сан Марино.

На првите пет места се Англија, Шпанија, Италија, Германија и Франција, а по нив следуваат Холандија, Португалија, Белгија, Турција и Шкотска.

Во женска конкуренција, Македонија е 48-ма од 50 земји. Под нас се само Ерменија и Фарски Oстрови.

- Оглас -

Најнови вести