Финансиска криза на „Олд Трафорд“: Јунајтед ќе мора да отпушти 200 вработени?!

Манчестер јунајтед минатата есен мораше да отпушти 250 вработени, а сега се најавуваат нови отпуштања на 100 до 200 вработени. Црвените ѓаволи имаат финансиски проблеми, па тоа во моментов го решаваат со отпуштање на персоналот, иако ако продолжат проблемите, тоа сигурно ќе се одрази и на спортскиот дел.

Сер Џим Ретклиф, сопственикот на Манчестер јунајтед, изјави дека клубот е во загуба од 360 милиони евра во последните три години, а тој минус мора некако да се надополни.

Црвените ѓаволи само за смената на Ерик тен Хаг потрошија 24 милиони евра, сума во која влегува обесштетувањето за отказот на холандскиот тренер, но и откупот на договорот на новиот тренер Рубен Аморим од Спортинг Лисабон. Сепак, и оваа промена не донесе позитивни резултати, па Манчестер јунајтед во моментов е на 13-тата позиција во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести