Финансиска полиција го стегна обрачот околу Милан, се истражува продажбата на гигантот на „Ред Брд“

Финансиска полиција интензивно го истражува случајот со продажбата на италијанскиот фудбалски гигант Милан што се случи во август лани, а по која сопственик на 99 отсто од акциите стана „Ред Брд“.

Инвестициската фирма плати 1,2 милијарди долари за да го купи седумкратниот европски и 19-кратен италијански првак.

Сега се истажува дали сè било в ред или има сомнителна трансакција меѓу претходниот сопственик на Милан, „Елиот капитал адвајзор“ и „Ред Брд“.

„Ред Брд“ има акции и во Ливерпул откако вложи 735 милиони долари во „Фенвеј спортс груп“, фирма која е сопственик на англискиот гигант.

Работите се уште позаплеткани ако се знае дека „Ред Брд“ има акции и во двата американски гиганти Њујорк јенкис и Бостон ред сокс.

Фудбалска Италија месецов ја тресат скандали, а прв настрада најтрофејниот клуб Јувентус.

Старата дама е казнета со одземање 15 бода поради финансиски малверзации, а на тапет се наоѓа и лидерот во Серија А, Наполи, но засега сè е во доменот на шпекулации дека и Наполитанците работеле незаконски.

 

 

- Оглас -

Најнови вести