4.8 C
Skopje
вторник, 24 февруари 2026

Финансиски колапс во Партизан, нема плата, нема пари

Фудбалскиот клуб Партизан се соочува со сериозни финансиски потешкотии и ситуацијата воопшто не е добра, пишува српскиот „Спортал“, а пренесуваат и останатите тамошни медиуми.

Црно-белите со голема помош од државата успеаја да ја поминат јануарската контрола од УЕФА, но според пишувањата, финансиската ситуација воопшто не е стабилна. Прилив на средства нема, а финансиските обврски се зголемуваат и се таложат. До толку е лошо што според пишувањата, нема пари за да се исплатат платите на фудбалерите и вработените во клубот.

Партизан викендов загуби со 3:0 на гостувањето кај Црвена ѕвезда во вечното дерби, па сега Црно-белите заостануваат четири бодови на табелата во однос на најголемиот ривал

 

- Оглас -

Најнови вести