Финансиски советник на 37-годишна возраст дебитираше на професионален меч во Германија (Фото)

Веројатно малкумина имаат слушнато за Доминик Салц, но тој е вистинска сензација во Германија бидејќи на 37-годишна возраст дебитираше на професионален натпревар.

Се работи за финансиски советник во една од најголемите компании во Германија, но паралелно со професијата, тој играше и фудбал на аматерско и полупрофесионално ниво. На 268 натпревари во ниските германски лиги постигна 129 гола, па конечно го забележа и своето деби во втората Бундеслига, за екипата на Карлсруе.

Салц е член на вториот тим на Карлсруе, кој се натпреварува на аматерско ниво, но на мечот против Гројтер Фирт изненадувачки се најде во составот за првата екипа, а во финишот на мечот и дебитираше во победата од 3-2.

- Оглас -

Најнови вести