Фудбал ликс го тресе европскиот фудбал, а информациите како клубовите го изигрувале финансискиот фер-плеј на УЕФА се одлични сценарија и за филмскиот Холивуд.
Еден од примерите е и бесплатната позајмица на Џердан Шаќири од Интер, преку Баерн. Интер немаше пари за веднаш да го откупи договорот на Шаќири во Баерн, со клаузула од 15 милиони евра, па го доби бесплатно во јануари 2015 година, со услов да одигра барем една минута за Интер и „нероаѕурите“ да бидат пласирани до 17. место во Серија А.
Во тој случај Интер мораше да плати 15 милиони евра, но доби грејс-период од шест месеци, да го има одличниот играч од средниот ред во своите редови без да плати ниту еден цент.
Шаќири одигра 15 натпревари, постигна и еден гол, а клаузулата за откуп се активираше во јуни, кога Интер го продаде во Стоук. Трансферот тежеше околу 13 милиони евра, плус и бонуси, па Интер само ги префрли парите од Стоук кај Баерн Минхен, дури и заработи некое евро, а имаше играч што практично настапуваше шест месеци без за него да се плати пари.
Ако се почитуваше финансискиот фер-плеј Шаќири воопшто немаше да се пресели од Баерн во Интер, но и ова е потврда како клубовите ги изигруваат правилата на УЕФА.