Почнува разврската во голем дел од фудбалските првенства во Европа, најжешко е во Шпанија и во Франција, каде што има возбудлива трка со по 4 екипи, кандидати за шампионската круна, па дел од мечевите што одлучуваат се и на менито на 33-тото коло на Спортска прогноза.
Во фокусот во оваа рунда што може да ви донесе „ајфон 11“ е мечот од Лига 1 во Франција меѓу Лион и Лил.
Лавовите од „Жерлан“ сo ПСЖ се најтрофејната француска екипа во овој милениум и ги освоија сите 7 титули од 2001 наваму, а сега мора да го победат лидерот Лил за да се тркаат докрај за осмата шампионска круна.
Лил е прв со 70 бода, ПСЖ има 69, Монако 68 и Лион 67, што најавува драматична завршница и покажува какво значење има дербито меѓу Лион и Лил што ќе се игра во недела од 21 часот.
За нас и за играчите на Спортска прогноза веројатно најинтересен ќе биде дуелот на „Еланд роуд“ меѓу Лидс и Манчестер јунајтед. Џани Алиоски игра одлична сезона во Премиер лигата, а Лидс ќе се обиде да возврати за високиот пораз од 6:2 на „Олд Трафорд“ против најтрофејната екипа во Англија.
Покрај супер привлечната награда „ајфон 11“ што Спорт Манија и Sport Life ја доделуваат за погодена Тринаесетка во секоја рунда, во нашата игра ,што е пред сè забавна и што е најважно бесплатна, се наградуваат и утнатите.
За 12 погодени парови се добива ваучер од 1.000 денари, за два промашени пара ви следува ваучер од 500 денари што можете да ги искористите во Sport Life.
Тука е и трката во Генералниот пласман за трет шампион во третата сезона на Спортска прогноза. Главната премија за најдобриот играч на Спортска прогноза во 2020/21 е ТВ Смарт од 48 инчи и многу поени од СЛ маркетот за четворицата учесници што ќе бидат пласирани зад него.
За учество во играта, сè што ви е потребно е да имате СЛ картичка и добра стратегија за макимален број погодоци што носи „ајфон 11“.