Многу интересен ќе биде финишот на трката во популарниот Типстер куп на Sport Life, чија финална летна етапа се игра до 30. јуни.
Остануваат уште пет дена за освојување на првото место и главната награда автомобилот Пежо 308.
Моментно со 57.956,5 поени лидер е Златко К. со уплати во обложувалницата на Sport Life во скопската населба Хром, а главен конкурент за првото место и прекрасниот автомобил од ергелата на Пежо му е Игор Р., втор обложувач што има над 50 илјади поени, заедно со Златко.
Награди има за најдобрите десетмина, а главната битка е за премијата, што во оваа сезона Sport Life обложувалниците ќе ја доделат по вторпат.
Финални подароци
1. Автомобил Peugeot 308
2. 4.000.000 СЛ Маркет поени
3. 2.000.000 СЛ Маркет поени
4. 500.000 СЛ Маркет поени
5. 200.000 СЛ Маркет поени
6. 100.000 СЛ Маркет поени
7. 50.000 СЛ Маркет поени
8. 40.000 СЛ Маркет поени
9. 30.000 СЛ Маркет поени
10. 20.000 СЛ Маркет поени
На сите учесници во финалето на актуелната етапа, а ги има точно 742 Sport Life ќе им додели по 50 денари ваучер.
Во првата етапа веќе е доделен еден автомобил „пежо 308“ и тој се вози во Кочани. Александар Трендафилов е шампионот од есенската етапа, кој успеа да освои најмногу поени во финалето и како што рече самиот, по неколку години играње Типстер куп, конечно успеал да стигне до главната премија.