Лина Ѓорческа направи голем подвиг и со пресврт ја елиминира шестата носителка од Германија, Ева Лиз, во осминафиналето на турнирот во Австрија.
Најдобрата македонска тенисерка го загуби првиот сет со 0:6, но потоа влезе во победнички ритам и на двапати со 6:4 ги доби следните два сета и ја елиминира фаворитката.
Подвигот е уште поголем и Лина забележа уште една победа денеска, во игра на двојки со Леа Бошковиќ.
Македонско-хрватската комбинација беше подобра од Шаватипон и Евтимова со 6:4, 6:4.
Утре во четвртфиналето во сингл, Ѓорческа ќе игра против третата носителка Викторија Кузмова.