Финците ќе бидат ефикасни, малку голови ќе има на некогашното дерби на Источна Германија

1612 ХИФК – Илвес (Финска, 17 часот)

Ако воопшто има некакви шанси за спас за ХИФК, тогаш ова е последниот воз за да може седумкратниот фински шампион да се надева на чудо.

До крајот на плејаутот за опстанок има уште четири кола, а ХИФК има дури 9 бода помалку од Лахти на последното место, кое води во Втора лига.

Илвес му бега на Лахти 7 бода, но сè уште не е комотен и не смее да загуби ако не сака да дојде во ситуација како претпоследен да игра бараж за опстанок.

И двете екипи, а особено ХИФК не смеат да калкулираат, па ќе типуваме дека и двете мрежи ќе се тресат најмалку по еднаш.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.10) Супер тип на Sport Life

 

2702 Интер Турку – Хака (Финска,17 часот)

Хака со 9 титули е втората најтрофејна екипа во Финска, зад неприкосновениот ХЈК Хелсинки, екипа што е на прагот на 32-рата шампионска круна.

Тимот од Валкеакоски нема шанси да биде првак, но е во топ-форма со четири победи на последните пет меча и дојде во ситуација да бие битка за настап во еврокуповите.

За Интер Турку веќе е доцна да се бори за европски настап, па домаќините можат да играат порелаксирано.

Мотивите се на страна на гостите, им треба победа и реално се поблиску до неа од домаќинот.

Предлог тип: Х2&2+ (2.11)

 

2703 СJK – КуПС (Финска, 17 часот)

Екипата на КуПС конечно го врати препознатливиот стил на петкратен шампион во минатиот век и пред три години повторно беше првак на Финска, по пауза од цели 43 години.

И сега не се без шанси за титулата, но за тоа им треба победа денеска во Сеинајоки.

СЈК е последен на табелата во плејофот и нема шанси за да се пробие до местата што водат во Европа.

Домаќините немаат никаков притисок и можат да играат за престиж, а веќе го победија КуПС сезонава со 2:1 на домашен терен.

Сепак, сега ситуацијата е малку поинаква, гостите со победа, што им е императив, ќе се доближат до лидерот ХЈК само на два бода разлика во битката за титулата, што е голем мотив да му се реваншираат на СЈК за поразот во август и да ги освојат бодовите.

Предлог тип: 2&3+ (3.10)

 

2704 Лахти – ВПС (Финска, 17 часот)

Лахти ако не победи, речиси сигурно ќе игра бараж за опстанок во Првата лига на Финска, а токму ВПС заедно со Илвес им се таргет за да престигнат барем еден од тие два клуба.

Проблемот за Лахти е што се исклучително лоша форма со пет меча по ред без победа и само со еден триумф на последните 11 натпревари.

Денеска им одговара само победа и мора да играат офанзивно, што може да биде шанса за гостите да казнуваат од контранапади.

Ниту Илвес не е во одлична форма и има само една победа на последните шест меча, односно две од 11 дуели.

Опцијата да се одигра на голови личи на добра варијанта, а на последните два меѓусебни дуели на овие две екипи имаше дури по 5 погодоци.

Предлог тип: 3+ (1.69)

 

1861 Карл Цајз Јена – Енерџи Котбус (Германија, 19 часот)

Дербито на седмото коло во Регионалната лига Североисток во Германија ќе се игра во Јена, а на мегдан ќе излезат некогашните клубови од Источна Германија.

Карл Цајз Јена беше еден од спортските симболи на поранешната ДДР, клуб што има 119-годишна традиција и трипати беше првак на Источна Германија.

Клубот потоа стана непрепознатлив и во малку повеќе од три децении откако се споија двете Германии, нема играно погоре од Втората лига.

Сега имаат амбиции да прослават 120 години постоење со пласман во Третата лига на Германија и како што играат, можно е во мај идната година да слават и голем јубилеј и пласман во повисок ранг.

Енерџи Котбус постои 56 години и интересно, обратно од Карл Цајз Јена, има повеќе успеси по унификацијата на Германија.

Во 1997 година стана првиот клуб од Источна Германија што играл финале во националниот куп, а во 2000 година стана и Бундеслигаи и таму играше три сезони.

За тимот од Котбус играа и познатите македонски репрезентативци Тони Мицевски и Игор Митревски, но тоа беше во убавите времиња.

Сега Енерџи бара чаре да се врати во Третата лига на Германија, но денеска е аустајдер против Карл Цајз Јена.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.89)

 

 

- Оглас -

Најнови вести