Репреентацијата на Финска испиша историја, откако за прв пат го освои олимпиското злато во хокеј во машка конкуренција. Во финалето на Игрите во Пекинг, Финска ја победи Русија со 2:1.
Триумфот да биде позначаен, Финците успеаа да се вратат по негатива од 0:1. Русите поведоа во првата третина со голот на Григоренко, а на почетокот на втората третина израмни Пока.
Клучниот момент за победа на Финска се случи по само 31 секунда од стартот на третата третина, кога Бјорнинен погоди за 2:1, а до крајот на мечот потоа Финците успеаа да се одбранат и да стигнат до златото.
Финска досега два пати имаше играно во финале, но губеше во 1988 и 2006 година, а имаат и четири бронзени медали. Русите остануваат со девт злата на ЗОИ, кои ги освојуваа под различни знамиња и имиња со кои се натпреварувале на Игрите низ историјата.
Бронзениот медал на ЗОИ во Пекинг во хокеј припадна на Словачка, која успеа да победи против Шведска и да стигне до првиот медал на Игрите во овој спорт.