6.8 C
Skopje
четврток, 15 јануари 2026

Финската легенда со солзи во очите ѝ кажа збогум на репрезентацијата по 16 години (Фото)

Репрезентацијата на Финска одигра пријателски меч против Андора и победа 4-0, но овој меч не би бил воопшто значаен ако не беше последен во репрезентативната кариера за финскиот капитен Тему Пуки.

Тој цели 16 години беше дел од репрезентацијата на Финска, одигра 133 натпревари и постигна 43 гола, а вечерва го одигра последниот меч во дресот на националната селекција.

Во 72-рата минута беше заменет за да биде испратен во репрезентативна пауза со аплаузи, а во 26-тата минута го постигна и својот последен гол за Финска.

Пуки во својата кариера настапуваше за Севиља, ХЈК, Шалке, Селтик, Брондби, Норвич и Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести