Младиот фудбалер на Њујорк сити Таљес Магно се најде во фокусот на фудбалската јавност благодарение на финтата што ја направи на мечот против Интер Мајами. Талентираниот Бразилец кој кариерата ја има започнато во Васко де Гама, покажа зошто Њујорк за него плати осум милиони евра за трансферот минатата сезона.
Магно покажа каков талент и квалитети поседува, и тоа само со еден потег, кога буквално го измести противникот од тежиште и го натера да падне. Топката леташе високо, а Бразилецот се намести да ја прими во своите нозе, а тоа го направи на фантастичен начин.
Противникот кој беше до него се збуни и се лизна, а публиката со воодушевување го поздрави фантастичниот потег на Бразилецот.