Финците летаа на мраз на руски погон, ја декласираа Словачка на олимпискиот турнир во хокеј

Финска стартуваше импресивно на олимпискиот турнир во хокеј на мраз и ја победи Словачка убедливо со 6:2.

Двајцата хокеари што играат во руската КХЛ-лига, Манинен и Алтонен забележаа хет-трик во поени, но на различен начин.

Манинен, кој е член на УФА, постигна три гола, а Алтонен, кој игра за Подолск, двапати ја тресеше мрежата на Словаците и имаше една асистенција.

Стрелец за Финска беше и Песонен за прво место во Ц групата пред Шведска.

Швеѓаните во премиерниот меч од оваа група ја победија Летонија со 3:2.

 

- Оглас -

Најнови вести