Селекторот на Финска, Марку Канерва вели дека е задоволен од настапот на неговите избраници во Скопје, по ремито со Македонија 1:1 во пријателски меч.
„Задоволен сум од нашата игра во прилично израмнет меч. Имавме пет дебитанти и од нивната игра сум задоволен. И ние и Македонија имавме доста шанси и ќе треба да поработиме на реализацијата за да даваме голови од чисти позиции“, вели Канерва.
Финците поведоа со 1:0 во 37. минута и имаа уште неколку шанси, а потоа се разигра Македонија и промаши неколку шанси, а ремито дојде од пенал во 75. минута со гол од пенал на Енис Барди.
Следниот меч Фунците ќе го играат со Норвешка на 20. ноември, термијн на кој Македонија во Скопје од 14 часот ќе му биде домќин на Азербејџан.