Екипата на Фиорентина без многу мака дојде до победа од 3-0 над фенерџијата во Серија А, Каљари.
Победникот на натпреварот беше решен уште во првото полувреме, кога Виолетовите веќе имаа предност од 2-0, додека конечниот резултат беше поставен во 95-тата минута.
Резултатот го отвори Нико Гонзалес уште во третата минута, додека во 21-вата минута веќе беше 2-0 со автоголот на Досена. Конечните 3-0 ги постави Нзола во петтата минута од судиското продолжение на регуларните 90 минути.
Со оваа победа Фиорентина се искачи на петтата позиција на табелата со 14 бода, колку што имаат и Наполи и Јувентус на третото и четвртото место.