Фиорентина благодарение на евроголот на Мандрагора, во Бергамо ќе брани предност од еден гол (Видео)

Фудбалерите на Фиорентина остварија минимален триумф над Аталанта во првиот полуфинален натпревар од Купот на Италија.

Одлучувачкиот момент се случи во 31-вата минута, кога Роландо Мандрагора го постигна единствениот гол. Мандрагора со одличен шут од околу 25 метри успеа да го совлада голманот на Аталанта, Карнесечи, и да обезбеди предност за Виолетовите во реваншот.

Реванш-натпреварот ќе се игра на 24 април во Бергамо.
Во другото полуфинале Јувентус има предност од 2:0 по првиот натпревар со Лацио.

- Оглас -

Најнови вести