Фиорентина е ривалот на Интер во финалето на Купот на Италија

Ремито без голови на реваншот дома против Кремонезе беше доволно за Фиорентина да се пласира во финалето на Купот на Италија.

Виолетовите првиот меч во Кремона го добија со 2-0 и тоа им донесе финале против Интер на 24 мај во Рим. За Тосканците ова е прво финале по девет години. Во 2014, Фиорентина загуби во финалето од Наполи.

- Оглас -

Најнови вести