Фиорентина е тимот кој е во најдобра форма во Серија А

Фудбалерите на Фиорентина играат одлично во последните неколку недели, а добрата форма, денеска ја потврдија со триумф од 0:2 на гостувањето кај Кремонезе.

Ова беше трета победа по ред за Виолетовите и тие се тимот кој е во најдобра форма во Серија А. Сасуоло е тимот кој пак има две победи во низа, и серијата може да ја продолжи доколку вечерва ја изненади Рома на „Олимпико“.

Победата а Виолетовите ја најави Мандрагора во 27-та минута, а ја завери Кабрал на стартот од второто полувреме. По новата победа, Фиорентина сега е 11-та на табелата со 34 бода, додека Кремонезе е последен на табелата со 12 освоени бодови, колку што има и Сампдорија.

https://twitter.com/i/status/1634936114627883008

Победа на гости оствари и Торино и тоа против Лече со идентични 0:2. Биковите до триумфот дојдоа со головите во првото полувреме, Синго во 20-та минута го отвори резултатот, а победата ја завери Санабрија само три минути подоцна.

Верона и Монца ги поделија бодовите играјќи 1:1. Домаќинот поведе преку Верди во 53-та минута, а само две минути подоцна Сенси го постави конечниот резултат.

- Оглас -

Најнови вести