16.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Фиорентина го декласира ЛАСК во Конференциската лига

Фиорентина продолжува со доминација во Конференциската лига остварувајќи убедлива победа од 7-0 против австрискиот тим ЛАСК во петтото коло.

Виолетовите комплетно го надиграа својот противник, при што Рикардо Сотил беше играч на натпреварот со два гола, по еден во секое полувреме.


Веќе на полувремето, Фиорентина имаше убедливо водство од 3-0. Покрај Сотил, во листата на стрелците се запишаа и Иконе, Ричардсон, Гудмундсон, додека гостинскиот дефанзивец Филип Стојковиќ постигна автогол.

Фиорентина го забележа својот четврти триумф во натпреварувањето, достигнувајќи 12 бода.


Башакшехир го победи Хајденхајм со 3-1, Динамо Минск беше подобар од Ларне со 2-0, а идентично славеше и ФК Копенхаген против Хартс.


Серкл Бриж беше убедлив против Олимпија Љубљана (4-1), Бетис минимално со 1-0 победи против Петрокуб, а Хелсинки и Молде одиграа 2-2.

Легија загуби од Лугано дома со 1-2, додека Ноа беше поразена од АПОЕЛ со 1-3.

- Оглас -

Најнови вести