Фиорентина го елиминира Рапид со гол во 90-тата минута, Косово втора година по ред има екипа во групите на ЛК (Видео)

Финалистот од минатата сезона во Конференциската лига, екипата на Фиорентина, многу потешко од очекувањата дојде до пласман во групната фаза на третото по ранг европско натпреварување.

Тимот од Фиренца на првиот натпревар загуби со 1-0 од Рапид Виена, а вечерва со гол во 90-тата минута, и тоа од пенал дојде до победа од 2-0, што беше доволно да го мине плејофот. Херој на Виолетовите беше Николас Гонзалес, кој беше стрелец на двата погодока.

Шампионот на Косово, екипата на Балкани од Сува Река, втора година по ред ќе игра во групната фаза на Конференциската лига откако вечерва загуби минимално од БАТЕ Борисов со 1-0, но имаше победа од 4-1 од првиот меч одигран во Приштина.

Шампионот на Белорусија уште во 30-тата минута дојде во водство од 1-0 преку Концевој, но иако до крајот на мечот уште шестпати прецизно шутираа во рамките на голот на Балкани, не успеаја да дојдат до поубедлива победа и да го загрозат пласманот на противникот во групите. На спротивната страна, екипата на Балкани ниту еднаш не упати удар во рамките на голот на БАТЕ.

 

- Оглас -

Најнови вести