Фиорентина и Милан му оддадоа почит на поранешниот капитен на Виолетовите, бодовите останаа во Фиренца (Видео)

Фудбалерите на Фиорентина славеа со 2:1 против Милан дербито на 25-то коло во Серија А.

Натпреварот го одбележа гестот на фудбалерите на двата тима како и на навивачите, кои му оддадоа поранешниот капитен на Фиорентина, Давиде Астори, кој почина на денешен ден пред пет години.

Во 13-та минута беше прекинат натпреварот на „Артемио Франки“ во чест на Астори, кој го носеше дресот со бројот 13.

https://twitter.com/i/status/1632123862660833280

Двата гола беа постигнати во второто полувреме, во 49-та минута Николас Гонзалес беше прецизен од белата точка. На 2:0 зголеми Лука Јовиќ на три минути пред крајот на натпреварот. Росонерите во судиското продолжение преку Тео Ернандез само успеаја да го ублажат поразот.

Со трите бода, Фиорентина скокна на делба на 11-та позиција со 31 освоен бод, додека Милан остана на 47 бода и сега е четврти на табелата.

- Оглас -

Најнови вести