Екипата на Фиорентина забележа победа од 2-1 над Рома, со што ја остави “римската волчица“ без теоретски шанси да се бори за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Сепак, дуелот започна одлично за избраниците на Жозе Мурињо. Рома уште во 11-тата минута поведе со 0-1 преку Ел Шарави.
Во второто полувреме, одосно во последните пет минути од регуларните 90 следуваше комплетен пресврт. Израмнување на 1-1 донесе Јовиќ во 85-тата минута.
Само три минути подоцна Иконе стрелаше за победа на Фиорентина од 2-1.
Екипата на Рома сепак ќе има можност да игра во Лигата на шампионите доколку успее да триумфира во финалето на Лигата на Европа. Слично е и кај Фиорентина. “Виолетовите“ од Фиренца немаат шанса за излез во фудбалска Европа преку првенството, но тоа можат да го сторат доколку ја освојат Конференциската лига.