Душан Влаховиќ е една од најголемите ѕвезди во овој трансфер-период. Неколку гиганти се заинтересирани за српскиот напаѓач на Фиорентија, а медиумите од Италија тврдат дека овој тим ја има примено и првата официјална понуда.
Станува збор за понуда на Арсенал во вредност од точно 70 милиони евра, додека Влаховиќ во тимот од Лондон би заработувал неделно по 150 илјади евра.
Сепак, голем проблем прават агентите на Душан, кои бараат дури 300 илјади евра неделна плата, како и дополнителни 15 милиони евра провизија за Арсенал да го ангажира напаѓачот.
Во досегашниот тек од Серија А, Влаховиќ има 16 погодоци по 20 одиграни средби.