Душан Влаховиќ може да си оди од Фиорентина, ако некој плати отштета од 80 милиони евра, освен во Јувентус, таму за ниту едни пари не би го продале српскиот напаѓач.
Иако Јуве беше заинтересиран за Влаховиќ, Фиорентина нема шанса да го пушти својот голгетер кај Старата дама, па најреална опција е Србинот да премине во некој клуб од англиската Премиер лига, се спомнува Тотенхем.
Ривалството на Фиорентина и Јуве е големо, Виолетовите збеснуваат кога нивни ѕвезди преминуваат во редовите на најтрофејниот италијански клуб, омразата почна пред повеќе од 30 години со легендарниот трансфер на Роберто Баџо, а најнови случаи се Федерико Бернардески и Федерико Кјеза. Затоа раководството на клубот му порачало на Влаховиќ дека може да оди каде било за 80 милиони, само не во Јувентус.