Фиорентина најде замена за Влаховиќ во фудбалер кој е пет пати поефтин

Фиорентина брзо најде замена за Душан Влаховиќ кој направи трансфер во Јувентус. виолетовите во своите редови го доведоа Артур Кабрал кој досега настапуваше за швајцарски Базел.

Кабрал е 23-годишен Бразилец кој во изминативе две и пол сезони во дресот на Базел одигра 106 меча и постигна 65 погодоци. Претходно четири сезони има играно во Сеара во Бразил.

Трансферот на Кабрал од Базел во Фиорентина изнесува 14, 5 милиони евра, што е за повеќе од пет пати поефтино од тоа што Јувентус го плати Влаховиќ. Виолетовите за Влаховиќ добија 75 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести