3652 Фиорентина – Џенова (20:45 ч.)
Дуел на две екипи кои бараат бегство од долниот дел на табелата во Серија А. Фиорентина освои само еден бод во последните четири меча, а Џенова е уште поочајна со четири порази во низа, што е најлоша низа на еден тим во елитното друштво.
Традицијата вели дека дури четири од последните шест меѓусебни средби завршиле 0:0. Ако се знае дека само Кротоне има послаб напад од овие два тима, и вечерва не треба да се очекува дека ќе има погодоци.
Предлог тип: 1Х&0-3 (1.70)
1109 Брајтон – Саутхемптон (21 ч.)
Единствено Шефилд јунајтед и Брајтон немаат ниту една победа на свој терен сезонава. Брајтон вечерва е домаќин на Саутхемптон, тим кој игра солидно. Ниту традицијата не е на страната на Брајтон затоа што последните три меча на свој терен ги загуби од овој ривал.
Речиси и да нема меч без погодци кога играат овие екипи, па најдобро е да се игра на погодоци.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.90)
1809 Хофенхајм – Аугсбург (20:30 ч.)
Хофенхајм си обезбеди место во нокаут-фазата од Лигата на Европа и сега може да се фокусира на мечевите од Бундеслигата, каде што не е на посакуваното место. По девет меча, Хофенхајм има само девет бода. На свој терен има само една победа од четири средби, па тој биланс треба да се подобри по мечот со Аугсбург.
На четири од последните пет меѓусебни дуели, Хофенхајм се радувал, а на последните шест меѓусебни средби, просекот на голови по меч е четири, што значи дека може да се очекува ефикасен дуел.
Предлог тип: 1 (1.90)
1350 Еибар – Валенсија (21 ч.)
Валенсија сезонава дефинитивно ќе се мачи и главна цел ќе биде да не испадне. Еибар е во солидна форма и има две победи и две нерешени во последните пет кола, но тоа е тим кој има најлош биланс на свој терен. Во шест меча нема ниедна победа, освои само три бода и неверојатно, но во 540 минути има постигнато само еден гол. Тоа секако е шанса за Валенсија.
Дека погодоците се реткост, потврдуваат и резултатите од последните пет меѓусебни средби. Дури четири завршиле со 0-1 гол, а само еднаш паднале едвај два погодоци.
Предлог тип: 0-2 гол (1.68)
2838 Трабзонспор – Сиваспор (17:30 ч.)
Трабзонспор многу лошо стартуваше во првенството и имаше само една победа во првите осум кола. Сега, со две победи по ред, тимот полека влегува во ритам, а дуелот против Сиваспор е добра шанса да се оди на нов триумф. Гостите имаат четири порази и само две нерешени во последните шест меча, а факт е дека в четврток ги чека меч против Макаби Тел Авив, кој ќе решава дали ќе ја поминат групната фаза од Лигата на Европа.
Предлог тип: 1 (1.90)