Фудбалскиот клуб Фиорентина објави дека нивниот фудбалер Едоардо Бове, кој поради срцев проблем колабира синоќа на терен за време на натпреварот со Интер, утрово се освестил и во моментов е буден, свесен, знае каде се наоѓа и разговарал со пријатели и со соиграчите преку видеојавување.
Од Фиорентина му се заблагодарија на медицинскиот персонал во болницата во која е сместен Бове за хуманизмот и професионалноста, а деновиве на 22-годишниот фудбалер ќе му бидат направени нови тестови.
Виолетовите потврдија дека в среда ќе го играат мечот од Купот на Италија со Емполи, а засега не се знае кога би се доиграл прекинатиот синоќешен меч со Интер. Тој дуел може да се игра најрано во февруари, но тоа зависи од пласманот на двата тима во европските купови.