Фиорентина пропушти шанса да се доближи до врвот, Монца и Болоња одиграа возбудливо реми (Видео)

Двата натпревари од Серија А кои се одиграа во попладневниот термин завршија без победник.

Фрозиноне и Фиорентина одиграа интересно реми, 1-1, откако домашните се спасија од пораз во самиот финиш од мечот. Гостите од Фиренца дојдоа во водство во 19-тата минута со погодокот на Нико Гонзалес, додека домашните го поставија конечниот резултат преку Суле.

Интересно беше и на мечот Монца – Болоња, иако резултатот на крајот беше оној почетниот, 0-0. Домашните во 16-тата минута постигнаа погодок преку Мота, но тој беше поништен поради офсајд. Во финишот, односно во 87-мата минута, Болоња остана со играч помалку на теренот откако Саелмакерс заработи втор жолт картон, автоматски и црвен.

- Оглас -

Најнови вести