Фиорентина се огласи за состојбата на Мојзе Кен кој колабираше на теренот во Верона (Видео)

На денешниот натпревар од италијанската Серија А помеѓу Верона и Фиорентина, се случи една многу непријатна сцена, гостинскиот играч Мојзе Кен колабираше на терен, неколку секунди откако доби удар со колено во главата. Сите ги фати паника и веднаш притрчаа и бараа помош од медицинските лица.

За среќа, напаѓачот не ја загуби свеста, и доби аплаузи од целиот „Бентегоди“.

„Фиорентина соопштува дека фудбалерот Мојзе Кен заработи повреда на главата на натпреварот против Верона. Фудбалерот е во болница на тестови“, објавија Виолетовите.

Кен откако падна на терен, му беа бандажирани вратот и главата, и на носила беше изнесен од теренот.

- Оглас -

Најнови вести