Фудбалерите на Фиорентина славеа со убедливи 0:4 на првиот натпревар од нокаут-фазата во Лигата на конференциите против Брага и повеќе од сигурно си обезбедија пласман во осминафиналето.
Победата на Виолетовите ја најави Лука Јовиќ со голот во првата минута од судиското продолжение во првиот дел. Работата на играчите на Фиорентина им ја олесни Тормена, кој во 55-тата минута доби црвен картон, а само пет минути подоцна Јовиќ го постигна вториот гол.
Српскиот репрезентативец во 75-тата минута беше заменет со Кабрал, кому му беа потребни само четири минути за да се запише во листата на стрелци. Истиот фудбалер во последната минута го постави конечниот резултат.
Тимот на македонскиот репрезентативец Енис Барди, Трабзонспор, остави минимален триумф над Базел благодарение на голот на Стригер Ларсен во 65-тата минута.
До минимална победа дојде и Карабах над Гент. Леандро Андреаде во 78-тата минута го постигна голот за триумф, а победата можеше да биде поубедлива доколку Шејдајев го реализира ударот од белата точка во 52-рата минута.
Бодо/Глимт и Лех одиграа без голови.