Екипата на Фиорентина ќе игра против Вест хем во финалето на Конференциската лига на УЕФА откако по голема драма го елиминра Базел. Фиорентина на првиот меч дома загуби со 1:2, но вечерва на „Сент Јакоб парк“ успеа да победи со 3:1, и тоа во меч кој траеше повеќе од 130 минути.
Во регуларните 90 минути, Фиорентина стигна до 2:1, па така вкупниот резултат беше 3:3 по 180 минути игра. Затоа мораше да се играат дополнителни 30 минути, а кога се очекуваше дека ќе мора да се шутираат и пенали, се појави Антонин Барак, кој даде гол во 120+9 минута за водство на Фиорентина и конечна победа на Виолетовите и пласман во финалето на третото по ранг клупско натпреварување на УЕФА.