Фиорентина неколку децении не памти ваква победа во Серија А

Фиорентина блесна на гостувањето кај Лече и победи со убедливи 6:0 во меч од осмото коло во Серија А. Виолетовите водеа со 2:0 во 35 минута, а дполнителен проблем за Лече беше кога црвен картон доби Гаљо во 43 минута.

До крајот на првиот дел, гостите постигнаа уште еден погодок за 3:0, а голшоуто продолжи и во вториот дел. Во период од 54 до 72 минута Фиорентина постигна уште три гола за неверојатна предност од 6:0.

За Фиорентина ова е најубедлива победа во Серија А на гостински терен во последните неколку децении. Виолетовите последен пат на гости во првенството постигнале шест гола на дуелот против Венеција на 9 октомври 1966 година, кога славеа со 6:2.

- Оглас -

Најнови вести