Фиорентина веќе си обезбеди полуфинале во Европа!

Италијанскиот калчолигаш Фиорентина продолжува со одличните игри и убедливо со 4:1 победи на гости кај Лех, во првиот меч од четвртфиналето во Конференциската лига на УЕФА. Со овој триумф на гости, Виолетовите речиси си обезбедија место меѓу најдобрите четири во ова натпреварување, затоа што сигурно нема да дозволат луксуз домада загубат со три или повеќе разлика.

Во останатите мечеви од Конференциската лига, Базел и Ница ремизираа 2:2, Гент и Вест хем одиграа 1:1, а домашниот терен единствено го искористи Андерлехт кој со 2:0 се израдува на АЗ Алкмар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести