Од Фиорентина се пофалија дека и во следната сезона ќе играат во европските купови, и тоа во Конференциската лига на УЕФА. Виолетовите влегуваат на местото на Јувентус, кој доби суспензија од УЕФА.
Поради финансиски малверзации, Старата дама доби забрана за настап на една сезона во Европа, а ќе треба да плати и казна од 20 милиони евра.
Фиорентина во минатата сезона во Серија А заврши на осмото место и не требаше да игра во Европа, но суспензијата на Јувентус ѝ даде шанса повторно да биде дел од Конференциската лига, во која само пред два месеца играа во финалето, но загубија од Вест хем со 2:1 и не успеаја да го освојат трофејот во ова натпреварување на УЕФА.
Ufficiale: è la Fiorentina che va ai preliminari di Conference League! Forza Viola! 💜⚜️#forzaviola #fiorentina pic.twitter.com/fHDKhOIZk0
— ACF Fiorentina (@acffiorentina) July 31, 2023