Фирмино ги разигра Црвените, но Клоп не е посебно среќен (видео)

Ливерпул ги заврши подготовките со четири победи од вкупно осум пријателски меча, а вечерва на „Енфилд“ беше остварена рутинска победа од 3-1 над шпанскиот прволигаш Осасуна. Два од трите погодоци беа дело на разиграниот Фирмино кои ги постигна во првиот дел, додека шутот на Минамино за 1-0 остана да се смета како автогол на гостинскиот голман.

Иако Црвените на добар начин се претставија пред домашната публика, Јирген Клоп нема многу причини за радост, бидејќи пред мечот дозна дека нема да смета на еден од клучните играчи, бекот Енди Робертсон.

Капитенот на Шкотска се здобил со повреда на зглобот и ќе го пропушти премиерното коло против Норвич во англиското првенство, меч кој е закажан за 14 август. На Робертсон не му е потребна операција, но ќе мора да одмори одреден период, а позитивно е што неговиот заменик, Костас Цимикас, беше доста разигран вечерва во контролката и асистираше при првиот погодок на Фирмино.

https://streamable.com/dgoj7n

- Оглас -

Најнови вести