Фирмино го отпеа своето во Ливерпул, шампионот на Англија ќе плати 65 милиони евра за топ-напаѓач

Лукас Окампос, напаѓачот на Севилја, е прв на листата со летни желби како засилувања на Јирген Клоп и на Ливерпул, а клубот е подготвен да ја плати отштетата од 65 милиони евра за да го донесе Аргентинецот на „Енфиод роуд“.

Според британските медиуми, Бразилецот Фирмино ќе си замине од Ливерпул, а замената е одлична. Окампос во континуитет игра одлично за Севилја.

Сезонава постигна пет гола, а лани, кога Севилја по рекорден шести пат го освои пехарот во Лигата на Европа, Окампос постигна вкупно 17 погодоци.

Напаѓачот на Севилја има 26 години и е три години помлад од Фирмино, што значи дека може подолго да остане во Ливерпул ако се случи трансферот што британските медиуми го најавуваат за ова лето.

Фирмино пристигна во Ливерпул во 2015 година од германскиот Хофенхајм за сума од околу 32 милиони евра и ја игра веќе шестата сезона за актуелниот англиски шампион.

 

- Оглас -

Најнови вести