Фирмино и Алисон за месец и пол станаа и европски и јужноамерикански шампиони

Бразилците Роберто Фирмино и Алисон Бекер како членови на англискиот клуб Ливерпул на 1 јуни во Мадрид го добија финалето од Лигата на шампионите против Тотенхем и дојдоа до европската клупска титула. Тоа како да им беше ветер во грб, па тие победничкиот менталитет го префрлија во националниот тим на Бразил, кој за првпат по 12 години ја освои Копа Америка.

Неполни 40 дена по европската титула со Ливерпул, Фирмино и Бекер освоија уште еден драгоцен трофеј, овојпат со својата репрезентација. Алисон прими само еден гол на Копа, и тоа во финалето од пенал, а Фирмино со два гола даде придонес во титулата.

Пред нив, титули во ЛШ и Копа во иста година освоил само голманот Клаудио Браво во 2015 година. Разликата е што Браво, кој пред четири години беше прв голман на Чиле, во таа сезона во Лигата на шамионите не бранеше ниту една минута во дресот на Барселона, а Фирмино и Алисон даваа свој придонес во двете натпреварувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести