35.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Фирмино ја освои азиската ЛШ со Ал-Ахли, па одлучи да си замине од клубот

Пореншниот фудбалер на Ливерпул, Роберто Фирмино, одлучи да си замине од Ал-Ахли, откако со екипата успеа да дојде до трофејот од азиската Лига на шампиони. Бразилецот беше дел од историскиот успех на клубот заедно со нашиот репрезентативец Езџан Алиоски, но сега ќе има нов предизвик во кариерата.

За разлика од Алиоски, кој се врати во Европа, односно во швајцарски Лугано, 33-годишниот Бразилец ќе остане во Азија, откако потпиша договор со Ал-Сад од Катар.

Фирмино ќе остане запаменет по игрите кои ги прикажуваше во Ливерпул, а за „црвените“ од „Енфилд“ настапуваше цели осум години.

- Оглас -

Најнови вести