Фирмино пред тешка одлука: Останување во Европа и потпис за Барселона или преселба во Саудиска Арабија?

Договорот помеѓу Роберто Фирмино и Ливерпул заврши ова лето и фудбалерот е слободен да си бара нов клуб. Веќе подолго време се шпекулира дека Бразилецот ќе потпише за Барселона, дури и дека ги договорил личните услови.

Сепак, во последно време сè погласни се шпекулациите дека Фирмино може да се пресели во Саудиска Арабија, и тоа во екипата на Ал-Ахли.

Фудбалерот сè уште нема одлучено каде ќе ја продолжи кариерата, но во моментов не е позната ниту висината на сумата која ја нудат Арапите, која секако дека е повисока од онаа што му ја нуди Барселона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести