Клубови од Англија и Турција се заинтересирани за бразилскиот напаѓач Роберто Фирмино, а шпекулациите велат дека најблиску до потпис со Фирмино е Шефилд јунајтед, тимот кој во моментов е на последно место во Премиер лигата и му претстои тешка битка за опстанок.
Фирмино, кој има 32 години, летоска од Ливерпул се пресели во саудискиот Ал-Ахли, но не се снајде најдобро и размислува за трансфер уште во јануари. Договорот со Ал-Ахли му е до 2026 година, а Шефилд би платил отштета од 12 милиони евра.
Интерес за Фирмино има и од други саудиски клубови, во прв ред Ал-Етифак, чиј тренер е легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, кој одлично го познава Боби, кој осум години играше за Црвените.