Роберто Фирмино во претстојната сезона ќе игра за саудискиот Ал-Ахли, клуб со кој под договор е и македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски.
Сите детали околу договорот на бразилскиот голгетер се договорени, останува уште официјализација и потпис. Фирмино во Ал-Ахли доаѓа од Ливерпул и тој е второто големо засилување за клубот од Премиер лигата, откако го купија и голманот на Челзи, Едуард Менди.
Сепак, не се големи шансите Алиоски да игра во ист тим со Фирмино и Менди. Џани бил понуден во Трабзонспор на Енис Барди, се чека зелено светло од тренерот Ненад Бјелица, а пречка е и ограничувањето на бројот на странци во турските клубови.