Тајсон Фјури останува да биде непобедлив боксерски шампион, откако уште еднаш му оддржа лекција на Дерик Чисора и го победи со технички нокаут во 10-тата рунда. Бокс спектаклот беше вечерва во Лондон на стадионот на Тотенхем, а популарниот Крал на Циганите уште еднаш ја потврди доминацијата и го одврани шампионскиот појас во ВБЦ верзијата. За Чисора ова беше трет меча против Фјури и трет пат загуби.
Чисора стандардно агресивно стартуваше и успеа еднаш убаво да го здрма Фјури, но тоа како да беше сигнал за шампионот да биде посконцентриран. Кралот на Циганите од рунда во рунда даваше се посилни удари во лицето и телото на противникот, а Чисора успеваше да издржи до десетата рунда.
На крајот, судијата беше приморан да ја прекине борбата и со технички нокаут да му ја додели победата на Фјури. За Фјури ова беше 33 победа во 34 меч (има едно реми), додека Чисора го доживеа 13-тиот пораз во 46 борба.
REF SAW ENOUGH! @Tyson_Fury | #FuryChisora pic.twitter.com/sccFaRXBMV
— Top Rank Boxing (@trboxing) December 3, 2022