Фјури издоминира против Махмудов, и го предизвика Џошуа

На стадионот „Тотенхем Хотспур“ во Лондон пред речиси 55.000 гледачи се одржа боксерска вечер на која главна беше борбата помеѓу поранешниот светски шампион во тешка категорија, Британецот Тајсон Фјури, и Русинот Арсланбек Махмудов.

Борбата траеше 12 рунди и заврши со победа на Фјури со едногласна одлука на судиите. Ова беше прво појавување на Фјури во рингот од декември 2024 година, кога загуби од Украинецот Олександр Усик. Сега 37-годишниот Фјури има 35 победи (24 со нокаут), два порази и едно реми.

За 36-годишниот Махмудов, овој пораз беше трет во кариерата, а има и 21 победа (19 со нокаут).

После победата, Фјури го предизвика на борба својот долгогодишен ривал Ентони Џошуа кој седеше во првиот ред

Сакам да ви ја дадам борбата што сите ја чекавте. Те сакам, Еј-Џеј, Ентони Џошуа. Ајде да им го дадеме на љубителите на боксот она што го сакаат, Битката за Британија. Сакам да се борам со тебе следниот пат, го прифаќаш ли мојот предизвик? Голем кукавица си, сакаш борба или не?! Овој пат нема да ми избегаш“, извика Фјури.

Џошуа не даде директен одговор, нагласувајќи дека не избегнува никого, туку дека моментално е фокусиран на својот личен живот по трагичната сообраќајна несреќа во декември во Нигерија кога загинаа негови пријатели, а и тој за малку ќе настрадаше и ја наведе потребата да „среди некои работи“.

Но, официјалниот профил на социјалните мрежи на Нетфликс подоцна потврди дека борбата помеѓу Фјури и Џошуа ќе се одржи оваа есен во Велика Британија.

Тајсон Фјури против Ентони Џошуа. Доаѓа оваа есен од Велика Британија. Само во живо на Нетфликс“, се вели во објавата.

- Оглас -

Најнови вести