Светскиот шампион во бокс во супертешка категорија во ВБЦ верзијата, Тајсон Фјури, ќе стане татко по шести пат. Британскиот 32-годишен боксер се пофали дека неговата сопруга Парис повторно е бремена.
„Парис повторно е бремена. Господ не благослови со уште едно дете и многу сум благодарен. Имам убава сопруга, убави деца, сите се здрави и тоа е најважно. Работата, парите, кариерата, ништо од тоа нема значење. Најважно е семејството“, изјави популарниот Фјури, кој себеси си се нарекува Џипси кинг (цигански крал).
Фјури кој беше најплатен светски боксер во 2020 година, има две ќерки (Венецуела и Валенсија), и три сина (Принс Џон Џејмс, Принс Тајсон Втори и и Принс Адонис Амазија).
Боксерот, кој има 32 години, и сопругата Парис заедно се 14 години, а кога се венчаа, изгледаа доста поинаку од сега.