Боксерскиот шампион и актуелен освојувач на ВБЦ појасот во тешка категорија, Тајсон Фјури вели дека дневно пие по 12 флаши пиво на ден и воопшто не тренира. Популарниот Крал на циганите зборуваше за можниот дуел против Ентони Џошуа, откако промотерите најавија дека сите детали се договорени и треба да се најде само датум за борбата.
„Таа борба нема да се случи додека во мојот џеб не видам еден тон пари. Дали ќе се борам против Џошута во следните 10 минути? Нема. дали ќе се борам до крајот на годинава? Да, може да се случи тоа. Не знам кога би било тоа. Моментно не тренирам, на одмор сум. Секој ден пијам меѓу осум, 10 или 12 пива. Не јадам, но калории внесувам преку алкохолот. Толку време напорно тренирав и сега е време малку да одморам“, рече Фјури.
Актуелниот првак вели дека би го победил Џошуа и со 14 испиени пива.
„Можам да испијам 14 пива и после да се борам и да го победат Џошуа. Нема потреба сега да тренирам, затоа што за таков слаб противник доволно ќе ми бидат шест-седум неделни за да се подготвам“, додаде Фјури.
Џошуа е шампион во ИБФ, ВБО и ВБА титулите, а Фјури е првак во ВБЦ категоријата.