Тајсон Фјури немаше милост кон Деонте Вајлдер и со нокаут во седмата рунда му го нанесе првиот пораз во кариерата. Уште од самиот старт Фјури започна офанзивно, а Вајлдер во втората рунда се најде на подот. Потоа само продолжи доминацијата на Циганскиот крал.
Вајлдер немоќно се бранеше и крв леташе од устата, носот и увото на Американецот. Во еден момент Фјури успеа и да го понижи противникот, откако го исплази јазикот и гестикулираше како да ја лиже крвта на противникот.