Боксерскиот спектакл меѓу шампионот во ВБЦ верзијата во тешка категорија, Тајсон Фјури, и поранешниот шампион во УФЦ верзијата, ММА борецот, Франсис Нгану, заврши со контроверзна победа на Британецот, што предизвика големи реакции и негодувања.
Фјури славеше со поделена одлука на судиите, еден од нив гласаше 95:94 за Нгану, вториот 96:93 за Фјури, а третиот 95:94 исто така за Фјури.
Шампионскиот појас на Фјури не беше во игра, а Нгану кој за првпат во кариерата се бореше по боксерски правила, одлично ги одработе десетте рунди и дури го испрати на подот Британецот.
Воведните рунди поминаа во знак на Фјури кој ја контролираше борбата со удари од дистанца, но затоа во третата ја почувствува моќта на Нгану. ММА борецот со лево кроше го погоди Фјури и го испрати на подот.
REPOST if you are proud of Francis Ngannou.
Ngannou performed better than Deontay Wilder when he fought Tyson Fury.#BattleOfTheBaddest pic.twitter.com/0YS8AHc4WO
— Tsingerosi Zingerosi (@Tsingerosi) October 28, 2023
Фјури успеа да се созеде, за во осмата рунда Нгану со неколку силни удари повторно се обиде да го нокаутира Фјури, но не успеа. Сепак, Камерунецот воодушеви со својата борба, а поголем дел од експертите и боксерските ѕвезди сметаат дека и заслужи да победи.
„Ова дефинитивно не беше во сценариото. Франсис е одличен борец, силен е и силно удира. Тој е многу подобар боксер од тоа што мислевме дека може да биде. Го почитував пред мечот, а фо почитувам и сега по борбата. Ме изненади со својот стил и со тоа што постојано одеше напред. Тој е добар борец и ова за мене беше еден од најтешките мечеви во последните десет години.