ФК Холивуд: Директорот на Баерн удри по своите фудбалери

Извршниот директор на Баерн Минхен, Оливер Кан, изјави дека челниците на германскиот тим се разочарани од резултатите и игрите на екипата во последните неколку недели, пишува Билд.

Баерн вечерва го игра реваншот од четвртфиналето во ЛШ против Манчестер сити. Првиот натпревар заврши со убедлив триумф на Граѓаните од 3:0, а Кан бара од играчите да покажат карактер.

„Фудбалерите на Баерн мора да знаат тоа што мислам дека не го знаат – што е Баерн и што се очекува од тимот во клучниот дел од сезоната. Вечерва против Манчестер сити ќе имаме шанса само ако го покажеме тоа на теренот, ако покажеме што е и кој е всушност Баерн“, рече Кан.

Управата на клубот се надеваше дека со смената на тренерот Јулијан Нагелсман и носењето на Томас Тухел ќе се разреши кризата во тимот, но…

„Имаше тешки киксеви во последно време кои Тухел мора да ги реши. Тимот мора да ја пронајде константноста во формата. Сега нашата константа е дека не сме константни. Имаме повеќе од 20-мина репрезентативци во тимот и тоа е доказ дека не ни недостасува квалитет. Баерн секогаш мора да оди на победа и поради тоа нè болат резултатите во последно време. Испаднавме од Купот на Германија, а во Бундеслигата освоивме само бод против Хофенхајм“, додаде Кан. “

- Оглас -

Најнови вести