ФК Партизан ќе добие нов тренер, но и ново раководство и претседател

Фудбалскиот клуб Партизан ќе добие нов претседател и тренер, а според српските медиуми, се знаат и имињата кои треба да го преземат раководењето со тимот и клубот.

Тренерот Александар Станојевиќ уште синоќа си поднел оставка, а се чека само состанок на управата за оставката и официјално да биде потврдена. Партизан веќе работи на пронаоѓање нов шеф на стручниот штаб, а прв „пик“ им е легендата Саво Милошевиќ. Саво го водеше Партизан во минатото, а беше заменет токму од Станојевиќ.

Клубот ќе добие и ново раководство, предводено најверојатно од Расим Љајиќ. Овој политичар и во минатото беше дел од структурите на Партизан, а сега се очекува да стане прв човек на Црно-белите на местото на Милорад Вучелиќ.

- Оглас -

Најнови вести